
ФОТО: Генијалниот потег на канадската пошта против мрачната реалност во пандемијата
Канадската пошта во обид да се избори против мрачната реалност при епидемијата на коронавирусот, одлучи да внесе малку радост во земјата, така што од сега низ улиците ќе кружат поштенски комбиња со весели бои.
Препорачано
Во 28 градови на Канада 37 шарени возила секојдневно ќе ги пренесуваат писмата, пакетите, со цел барем за момент да се измами насмевка кај граѓаните кои ќе излезат да ја преземат поштата, пренесуваат канадските медиуми.
Секое комбе е украсено со големо сонце и слика на која има претставено комбе во боите на канадската пошта (сина, бела, црвена) кое вози и создава виножито, придружено со натпис со големи букви „Благодарам“.
Диајнерот Ендру Луис изјави за Франс прес дека размислувал што би било забавно наведувајќи дека луѓето се „тажни, вознемирени и збудалени од изолацијата“ поради пандемијата на коронавирусот, а сака тоа да го промени, барем во само еден миг.
Луис успеал да ја убеди државната канадска пошта на овој чин, а самите поштари на социјалните мрежи веќе започнаа да поставуваат фотографии од веселите поштенски комбиња.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
19мин
-
49мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5