ФОТО: Четворица романски дилери преправени како туристи, фатени како шверцуваат дрога во Валона

4 романци шверцуваат марихуана во албанија
Уапсени романски дилери во Албанија/Фото: Скриншот

Истражните дејствија откриле дека овие државјани заедно со нивни соработници Албанци шверцувале и препродавале наркотична дрога, маскирани како туристи кои со изнајмени луксузни кампер возила крстосувале низ регионот.

Во раните утрински часови полицијата од Валона уапсила четворица млади романски државјани кои со 2 луксузни возила од типот „Кампер“ со романски регистарски таблички,  поседувале количество од 260 килограми канабис сатива, со цел оваа да ја шверцуваат од Албанија во Грција и пошироко во регионот.

Запленетата дрога/Фото: Албанска полиција

Полицијата трага по уште петмина албански соработници кои помагале во оваа мисија, но поради истрагата, нивните имиња не се објавени од полицијата.

Полицијата соопшти дека на дело биле уапсени државјаните Мариус Цимпеану (20), Михаела Цимпеану (20), Флорин Тучан (24) и Андреа Пислару (21), сите четворица со романско државјанство.

Запленетата дрога од романски државјани во Валона/Фото: Албанска полиција

Под водство на Обвинителството при Основниот суд во Валона, продолжува истрагата за целосното документирање на овој случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот