ФОТО | Часовник пронајден под рушевините на Хирошима продаден за повеќе од 30.000 долари

Фото: Скриншот/„Ар-ар аукшн“

Часовник, кој се стопил за време на бомбардирањето на Хирошима, Јапонија во 1945 година, е продаден на аукција за повеќе од 31.000 долари.

Според аукциската куќа „Ар-ар аукшн“ од Бостон, часовникот запрел во моментот кога атомската бомба била активирана над јапонскиот град во 8.15 часот, за време на последните денови на Втората светска војна.

Победничката понуда на аукцијата, која заврши во четвртокот, е 31.113 долари, а купувачот избрал да остане анонимен, пренесува новинската агенција „Асошиејтед прес“.

Според аукциската куќа, часовникот го пронашол британски војник во урнатините на Хирошима и го продал заедно со други историски значајни предмети.

„Се надеваме дека оваа поставка со музејски квалитет ќе остане потресен образовен симбол, кој ќе служи не само да не потсети на жртвите од војната, туку и да ги нагласи длабоките, деструктивни капацитети што човештвото мора да се стреми да ги избегне. Овој рачен часовник, на пример, го означува точниот момент во времето кога историјата се промени засекогаш“, рече Боби Ливингстон, извршен потпретседател на „Ар-ар аукшн“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот