ФОТО | Бриџит Фонда првпат видена во јавност по 12 години: Нејзиниот изглед шокираше многумина

бриџит фонда
Бриџит Фонда / Фото: EPA-EFE/Јутјуб

Холивудската ѕвезда од 1990-тите Бриџит Фонда била фотографирана од папараците додека се шетала во Лос Анџелес. 58-годишната актерка денес не изгледа како во времето кога беше ѕвезда и дел од бројни успешни филмови.

бриџит фонда
Бриџит Фонда / Фото: EPA-EPA/Brendan McDermid

Имено, нејзиниот изглед шокираше многумина, а обожавателите на нејзиниот лик и дело на социјалните мрежи коментираат дека не можат да ја препознаат.

Бриџит била фотографирана во лежерно издание и носела широки панталони и маичка додека во рацете носела шише со вода. Долгата коса по која беше препознатлива сега ѝ била врзана во опавче.

Фонда се прослави со улогата во „Jackie Brown“ во режија на Квентин Тарантино. Се појави и во филмовите „Single White Female“, „Point of No Return“, „Kiss of the Dragon“ и многу други.

Актерката последен пат беше видена пред 12 години кога се појави на црвениот тепих.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Celeb Mess (@celebmess)

Таа се повлече од очите на јавноста откако се омажи за Дени Елфман во 2003 година.

Имено, некогашната популарна актерка, сега води семеен живот, далеку од очите на јавноста, на ранч во Санта Барбара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот