ФОТО | Босанец нацрта фантастична карикатура на Јокиќ и Ѓоковиќ

фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA/EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Уметникто од Босна и Херцеговина Алдин Табаковиќ нацрта фантастична карикатура од Новак Ѓоковиќ и Никола Јокиќ.

Тој ги нацрта Ѓоковиќ и Јокиќ како се во возило кое го влече коњ и заедно наздравуваат со освоените трофеи. Оваа слика ја објави и Ѓоковиќ на неговиот Инстаграм профил.

Ѓоковиќ и Јокиќ во изминатиот период испишаа историја во своите спортови. Новак неодамна го освои Ролан Гарос и дојде до 23-тата грен-слем титула со што стана најтрофејниот тенисер на сите времиња на најголемите турнири.

Од друга страна, Јокиќ го предводеше Денвер до првата историска титула во НБА лигата. На патот до шампионскиот прстен, Јокиќ сруши бројни рекорди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aladin Tabakovic (@aladin_tabakovic)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот