
ФОТО: Биле најдобри пријателки, едната го променила полот и денес се во брак
Најдобри пријатели, кои се запознале во тинејџерските години, сега се во брак. Она што ја прави оваа љубовна приказна необична е фактот што во моментот кога се запознале и двете биле девојчиња. Нивната љубов се разгорела кога едната девојка го променила полот.
Препорачано
Кајла (26) и Арон Капенер (25) од Кингспорт, Тенеси, се зближиле во средно училиште кога имале само 15 и 14 години, а во тоа време Арон се идентификувал како девојка. Тие брзо се зближиле и станале најдобри пријателки. Како што поминувале месеците, Арон започнал да сфаќа дека има романтични чувства кон Кајла, но се плашел како таа ќе реагира, па решил тоа да ги задржи за себе.
View this post on Instagram
Тој бил израснат во конзервативно семејство и одел на миса неколку пати неделно, но откако сфатил дека е трансродова личност и решил да го промени полот, Кајла останала покрај него.
По долгогодишно пријателство, тој сфатил дека дошол моментот да и ги покаже своите вистински чувства. Тој ја бакнал, а на негово изненадување, таа му возвратила. И тоа не бил само бакнеж, туку постоеле и меѓусебни чувства. Тие набрзо станале пар, а минатата година стапиле и во брак.
View this post on Instagram
Арон за медиумите изјави дека поради неговото религиозно воспитување не знаел за ЛГБТК + заедницита, но уште како дете се чувствувал поинаку. Дури кога развил чувства кон Кајла, сфатил дека не е хетеросексуалец.
„Моите рани години беа предизвикувачки бидејќи уште од мали нозе знаев дека не го чувствувам она што го чувствуваат другите на моја возраст. Како што влегов во пубертетот, стана очигледно дека нешто не е нормално и почнав да истражувам. Поради моето семејство, јас никогаш не размислував за моите чувства, не ни знаев дека постои ЛГБТК + заедница“, изјави тој.
View this post on Instagram
Откако на родителите им открил дека е поинаков, тие го принудиле да разговара со свештеникот со цел да се „излечи“. Арон истакнува дека неговото семејство било многу разочарано и постојано наоѓало други причини за неговите изјаснувања дека е поинаков. Тие сметале дека тој едноставно не се моли доволно.
Затоа не е чудно што тој го напуштил семејниот дом на 16-годишна возраст.
View this post on Instagram
„Беше многу природно кога прејдовме од пријателство во врска. Арон беше истата личност без разлика на името или заменката, така што неговата транзиција не влијаеше на нашата врска. Нашата врска секогаш беше подлабока од самото пријателство, и иако не разбирав кога бев помлада, сето тоа почна да има смисла кога се споивме по неговата транзиција“, додаде Кајла.
Тие се венчаа минатата година, а Арон вели дека е неверојатно благословен во бракот со Кајла.