Форбс: Руските милијардери „тежат“ речиси 600 милијарди долари

Форбс/ Фото: Википедија

Најбогатите Руси го зголемиле своето богатство за 72 милијарди долари во 2023 година и тежат вкупно 577 милијарди долари, објави Форбс. Според истиот извор, Вагит Алекперов, поранешниот претседател на нафтената компанија Лукоил, сега е најбогатиот човек во Русија.

Во 2021 година, пред руската инвазија на Украина, Форбс го процени вкупното богатство на руските милијардери на 606 милијарди долари. Високите цени на суровините во последните две години и рускиот економски раст фокусиран на војната што го задушува влијанието на западните санкции помогнаа за закрепнување и враќање на таа сума, пренесува Хина, повикувајќи се на Ројтерс. Многу руски милијардери станаа мета на западните санкции додека Западот се обиде да го казни претседателот Владимир Путин и неговите блиски соработници поради војната во Украина.

Нивното вкупно богатство падна на 353 милијарди долари во 2022 година. Богатството на Алекперов порасна од 20,5 милијарди долари на 28,6 милијарди долари во 2023 година, објави Форбс. Тој го презеде првото место во Русија од сега веќе седмопласираниот Андреј Мелниченко, кој своето богатство го заработи од ѓубрива и чие богатство падна од 25,2 милијарди долари на 21,1 милијарди долари.

Леонид Микелсон, шеф на рускиот производител на природен гас Новатек, беше рангиран на второто место на листата на Форбс. Неговото богатство порасна за 5,8 милијарди долари на вкупно 27,4 милијарди долари. Нема повеќе милијардери Форбс објави дека досега има најмногу милијардери во светот – 2.781.

Топ 20 на листата држат најголем дел од богатството, а Алекперов сега е 59-ти во светот. „Тие се побогати од кога било, вкупно вредат 14,2 трилиони долари, што е зголемување од 2 трилиони долари од 2023 година“, објави Форбс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот