Фон дер Лајен: Ја постигнавме целта за вакцинација на населението во ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, / Фото: EPA-EFE/TOMI LOMBAR

 Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, го пофали исполнувањето на зацртаната цел за вакцинација во ЕУ денеска.

Таа изјави дека денеска е постигната целта од 70 отсто од возрасното население вакцинирано со барем една доза.

Нешто повеќе од половина од населението во ЕУ е вакцинирано со две дози (57 отсто).

-Овие бројки ја ставаат Европа меѓу светските лидери, изјави фон дер Лајен преку соопштение денеска.

Претседателката повика да се продолжи со напорите за вакцинација пред сѐ поради ширењето на делта сојот на вирусот.

-Делта сојот е многу опасен, затоа ги повикувам сите кои имаат прилика да се вакцинираат, за сопственото здравје и за да ги заштитат другите.

И покрај оваа охрабрувачка порака голем број земји на ЕУ ова лето бележат драстичен раст на бројот на новозаразени и се повторно обоени со црвена боја на мапата на Европскиот центар за контрола на болести.

Фон дер Лајен увери дека Европската Унија ќе набави доволно вакцини за сите во ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот