Фон дер Лајен: ЕУ одговори на американските субвенции со 250 милијарди евра

EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Европската унија подготви одговор од 250 милијарди евра на американската програма за масовни субвенции за домашно производство во областа на зелените технологии. ЕУ ќе им помогне на европските индустрии да ги намалат емисиите на јаглерод диоксид и да го олеснат финансирањето на проекти во областа на чиста технологија, најави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и рече дека Европа сака да биде важен дел на нулта индустрија на глобално ниво.

Овој потег дојде откако САД почнаа да го спроведуваат Законот за намалување на инфлацијата, кој обезбедува пакет од 369 милијарди долари субвенции и даночни олеснувања за борба против климатските промени. На овој начин, Америка ги поттикнува инвестициите во чисти технологии и производи како што се електричните автомобили, под услов да се произведуваат во САД. Европските производители на автомобили веќе најавија дека таму ќе го преселат производството, што ја поттикна ЕУ да реагира.

Германија и Франција најмногу инсистираа на државни стимулации, но многу земји се спротивставија затоа што се плашеа дека може да има конкуренција во субвенциите. Од ова можат да профитираат само богатите земји-членки со големи фискални капацитети, а на штета на посиромашните, беше нивниот аргумент во претходните месеци додека ЕУ разговараше на оваа тема. Данска, Финска, Ирска, Полска, Шведска беа против масовните субвенции, пишува Политика рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот