Фолксваген ќе гради фабрика за батерии голема колку двесте фудбалски игралишта

Архива на СП

Производителот на автомобили со седиште во Волфсбург планира да ја изгради својата најголема фабрика за батерии во Канада, за која обезбедува големи субвенции. За Фолксваген тоа би значело помала зависност од испораките од Азија.

Првата фабрика за батерии на Фолксваген во Северна Америка ќе има огромни размери – почнувајќи од следната година, ќе се гради на површина еднаква на онаа што би зафаќала двесте фудбалски игралишта. Од 2027 година таму би требало да работат околу три илјади луѓе.

Најавено е производство на батерии за околу еден милион автомобили годишно. Фабриката ќе биде лоцирана во Сент Томас – на половина пат помеѓу Торонто и Детроит.

Фолксваген инвестира пет милијарди евра. Како што пренесуваат медиумите, долгорочно германскиот производител може да смета на околу девет милијарди евра субвенции од канадскиот буџет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот