Фокус: Сопругата на Стојанче Ангелов префрлена од МВР во Агенцијата за разузнавање

Фото: Фокус

Сопруга на Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, Јасминка Ангелова, од Министерството за внатрешни работи, каде што беше вработена, била префрлена во Агенцијата за разузнавање (АР), објави „Фокус“, повикувајќи се на свои извори во МВР.

Според тие информации, Ангелова во МВР била на функцијата државен советник во кабинетот на држaвниот секретар.

Од МВР сега потврдуваат дека Ангелова повеќе не работи во министерството, но на прашањето со какви квалификации е префрлена во Агенцијата за разузнавање, колегите од „Фокус“ биле упатени во Агенцијата.

Директорот на АР, Еролд Муслиу, ниту ја потврдува, ниту ја демантира информацијата дали Ангелова е сега во АР, велејќи дека „не може да одговори на прашања поврзани со кадровскиот состав на институциите од безбедносниот сектор во нашата држава“, пишува „Фокус“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот