ФК Вардар ги започна подготовките и ги повика навивачите да купат сезонски билети

Фото: ФК Вардар

ФК Вардар официјално ги започна подготовките за наредната сезона и ги повика навивачите да купат сезонски билети кои ќе бидат по симболична цена.

Црвено-црните се изборија за место во Првата лига наредната сезона, меѓутоа се уште прволигашкиот статус не им е сигурен поради финансиките проблеми.

„Денес, симболично ја најавуваме и големата акција за купување на сезонски билет, за домашните натпревари кои клубот ќе ги одигра на Градскиот стадион во Скопје.

Цената на сезонскиот билет ќе изнесува симболични 1000 денари. Ги повикуваме сите Вардарци, навивачи на најголемиот македонски фудбалски клуб, да бидат спремни зошто акцијата започнува многу брзо. Сите собрани финансиски средства, ќе бидат наменети за функционирањето на клубот.

Време е народот, кој во моментов преку навивачите е единствен сопственик на клубот, да си го каже своето. Од борбата за Вардар нема откажување. Полниот стадион на првиот домашен натпревар, нека биде јасна порака, дека Вардар ќе живее!“, стои во објавата на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот