фото: fcshkupi.com

ФК Шкупи: Апелираме до нашите навивачи никако да не патуваат во Софија

В четврток (3 август) од 19.00 часот по локално време во Софија ќе се игра реванш фудбалскиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига помеѓу Левски и македонскиот претставник Шкупи.

Бугарската екипа триумфираше со резултат 0:2 во првиот меч одигран во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“ и е поблиску до пласман во следната фаза.

Европската фудбалска куќа (УЕФА) се очекува да поведе дисциплинска постапка против Шкупи и Левски за инцидентите кои се случија во нашиот главен град и околу нашиот најголем стадион. Еден бугарски државјанин беше тешко повреден со нож, а девет навивачи на Левски беа приведени. Инцидентот се случи пред одржувањето на натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија). Од МВР информираа дека повредениот навивач се здоби со тешки повреди, но е во стабилна состојба.

Шкупи ќе биде казнет од УЕФА со најмалку два натпревари без публика!?

Пред неколку дена се огласија навивачите на Левски кои им порачаа на фановите на клубот од Чаир да не патуваат во бугарскиот главен град.

Сега и фудбалскиот клуб Шкупи ја информираше јавноста дека нема да биде дозволено патување на нивни навивачи за возвратниот дуел во Софија.

Денеска во текот на денот се одржа средба меѓу официјалните претставници на нашиот клуб, претставници на УЕФА и членови на Министерството за внатрешни работи, на која уште еднаш беше потврдено дека нема да има и нема да биде дозволено патување на наши навивачи во Софија, во Бугарија на реваншот против екипата на Левски.

На оваа средба, меѓу другото, беше кажано дека нема да му биде дозволено на ниту еден навивач од нашата земја, дури и да имаат билет за вториот натпревар од второто коло на Конференциската лига, против Левски.

На влезот ќе биде потребен документ за идентификација, додека за гостинските навивачи нема да има посебен дел.

Оваа вест е соопштена и до раководството на навивачката група „Шверцери“, кои сега се свесни дека патувањето нема да биде возможно. Затоа, уште еднаш како клуб апелираме никако да не се патува во Софија – стои во соопштението на ФК Шкупи.

Фудбалерот на Левски Димитров по мечот во Скопје: Видовте како се игра на оваа „нива со компири“

Неславен резултат на натпреварот Шкупи – Левски: 21 приведен – 1 повреден

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот