Финансиски текови: Акциите на азиските берзи во пораст, се засилува доларот, поскапува нафтата

Фото: EPA-EFE/Vega Alonso

Цените на акциите на најголем дел од азиските берзи, како и на Вол Стрит, бележат пораст што претставува охрабрувачки сигнал за инвеститорите во насока на опоравување на најголемите национални индеустрии од корона-кризата.

Индексот МЦСИ на азиско-пацифичките акции, не сметајќи ги јапонските, е во плус од околу 0,25 отсто и се движи кон нависокото ниво од март во 2018 година. Притоа на берзата во Токио, индексот Никеи е посилен за 0,3 отсто додека, во истовреме, цената на акциите на берзите во Сингапур и во Австралија пораснаа од 0,2 до 1,7 отсто.

Поддршка на пазарите претставува и вчерашниот нов рекорден раст на индексот С&П 500 на Вол Стрит, како и Насдак индексот што е последица е континуираниот раст на цените на акциите во технолошкиот сектор.

Охрабрувачки за инвеститорите се и веста за можноста за продолжување на преговорите меѓу републиканците и демократите во американскиот Конгрес за новите финансиски стимулации. Позитивно за нив е што и производствената активност во САД е во нагорен тренд веќе петти месец во низа.

Истовремено, раст бележи и доларо. Индескот на американската валута во однос на останатите шест најважни во светот се движи околу 93,82 бода. Тековите на доларите пораснаа во однос на јапонската валута од 105,70 на 106,05 јени. Американската валута е засилена и во однос на европските.

Раст се бележи и на цената на нафтата. Цената на барелот на лондонскиот пазар е повисока за 0,8 отсто и изнесува 45,95 долари, додека барелот на американскиот пазар поскапе за 0,7 отсто и чини 43,10 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот