Филипче: Уживајте во играта и покажете им на сите колку вредите

„Вие за нас сте веќе победници. Самиот пласман на Европското првенство е историски успех, сега ужувајте во играта и покажете им на сите колку вредите. Веруваме во вас, само напред!“, сподели министерот за здравство, Венко Филипче пред дуелот со нашата репрезентација со Австрија.

-Вие за нас сте веќе победници. Самиот пласман на Европското првенство е историски успех, сега ужувајте во играта и покажете им на сите колку вредите.

Веруваме во вас, само напред, напиша министерот во својата објава.

Дуелот започнува од 18 часот, а во Букурешт има и голем број на македонски навивчаи кои ќе ги бодрат „црвено-жолтите“.

Претходно и премиерот Зоран Заев, МНР Бујар Османи и министерот за економија,Крешник Бектеши споделија дека на лице место ќе дадат поддршка за репрезентацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот