Филипче: Се наоѓаме во трет бран, се отвораат нови ковид центри – мерките остануваат исти

Фото: Министерство за здравство

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција заедно со претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски изрази загриженост за рапидниот пораст на бројот на новозаразени поради што брзо се исполнуваат болничките капацитети низ земјата и има потреба од нови. На сила остануваат и претходно воведените рестриктивни мерки без најава за нови, барем до крајот на следната недела.

-Евидентно е дека се наоѓаме во третиот бран. Во изминатите 4 недели имаме постојан раст на бројките на заразени од Ковид 19. Во болниците, имаме 1100 пополнети болнички места, и во таа смисла се направи координација и систем на менаџирање со сите капацитети во земјава. Оттаму, се додадоа и нови ковид центри кои беа отворени. Но, и покрај тоа има доволен број на болнички капацитети. Сега сите ковид центри се во функција. Утринава имавме координација со Комисијата за заразни болести, и констатирано е дека имаме значително зголемен број на пациенти во одредени градови. Но, заклучокот е дека остануваат овие мерки на сила и нема да се додадат дополнителни нови, но откако ќе завршат овие мерки, односно кон крајот на следната недела ќе видиме дали ќе има нови рестрикции, истакна Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот