Филипче: Притвореникот кој почина во затворот во Шутка е негативен на коронавирусот (ВИДЕО)

Го предвидовме ова, сите процеси остануваат во координација, со сите претставници на институциите, ќе бидам достапен за медиумите. Ризикот е многу мал, но јас останувам во излолација. Ова е начинот на кој треба да се постапува- рече Филипче.

Министерот за здравство, Венко Филипче, кој од денеска е во самоизолација, од својот дом одржува редовна онлајн прес-конференција на која ќе ги изнесе најновите податоци за новозаболните пациенти со Ковид-19.

-Го предвидовме ова, сите процеси остануваат во координација, со сите претставници на институциите. Ќе бидам достапен за медиумите. Ризикот е многу мал, но јас останувам во излолација, ова е начинот на кој треба да се постапува- рече Филипче.

Од Инфективната клиниката се испишани 5 оздравени пациенти, рече Филипче, а денеска се регистрирани и 18 оздравени пациенти кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

-За жал на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби почина пациент од Струшко на возраст од 50 години кој беше хоспитализиран на 27 март, а само еден ден подоцна заради влошување на состојбата поставен на механичка вентилација. Во Во изминатите 24 часа се потврдени  107 нови случаи на Ковид-19- рече Филипче.

Денешната бројка на заболени не нè изнедани, ова го очекуваме, рече Филипче.

– Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1081, за жал се починати 46 лица, оздравени 121 пациент. Досега во земјата се направени вкупно 10.422 тестирања на Ковид -19. На Инфективната клиника во Скопје примени се 11 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. 18 пациенти се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ примени се 11 нови пациенти и во моментов во оваа болница се лекуваат 38 пациенти со Ковид-19. Во потешка состојба се 8 пациенти, а на респираторна машина 6- истакна Филипче.

-Во врска со написите за вчерашната посета во Куманово, дека на дел од присутните им бил земен брис, да го знаевме тоа поинаку ќе се поставевме, но бевме соодветно заштитени. Ова е еден акт со кој покажуваме дека сите сме еднакви и треба мерките сите да ги почитуваме- рече Филипче.

За притвореникот кој почина во затворот во Шутка, Филипче истакна дека е негативен на коронавирусот.

-Од вчера земените 210 брисови во Кумановската болница, само кај две лица тестот е позитивен, тие ќе бидат дополнително тестирани за да знаеме каква е нивната состојба- рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот