Филипче: Непочитувањето на мерките не доведе до овој втор бран (ВИДЕО)

Скопје / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во периодот којшто следи, истакна Филипче, Комисијата за заразни болести ќе предложи до Владата, за евентуална рестрикција на движењето.

Непочитувањето на мерките не доведе до овој втор бран, рече министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

– Изминатава недела се направени анализи кои покажаа дека усшеавме да ги задржиме жариштата во рамките на територијалните целини, односно дека нема ширење на вирусот надвор од нив. Една од дилемите кои се појави е ширењето на вирусот во други општини, но тоа е очекувано бидејќи Скопје функционира како една целина- рече Филипче.

Во периодот којшто следи, истакна Филипче, Комисијата за заразни болести ќе предложи до Владата, за евентуална рестрикција на движењето.

– Непочитувањето на мерките до донесе овој втor бран, првиот добро го амортизиравме, многу безболно го ставивме првиот бран под контрола. Оние кои не ги почитуваа мерките ги ставија во многу завидна состојба оние кои доследно се придржуваа до истите. И овој пат потенцирам дека вирусот е тука, дека тој останува, дека мора да научиме да живееме со него. Целиот свет впрочем продолжува да живее со вирусот, а овие превентивни мерки се практично универзални и се темелат на истите принципи – на носењето на маска, одржување на физичката дистанца, хигиената, дезинфекцијата и други мерки и други форми на мерки практично нема никаде во ниту една друга земја во светот. Само со почитување на овие принципи можеме да ставиме крај на епидемијата. Дисциплината на граѓаните, личната, колективната одговорност побрзо ќе не врати кон нормализирање на нашиот живот, додаде Филипче на прес-конференцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот