Филипче: Не користам лекарства за смирување, отсекогаш сум смирен, сталоженоста е дел од мојот карактер

Во разговор за ,,Фокус” министерот за здравство, Венко Филипче појаснува дека јогата, медитацијата или пак лекарства за смирување, како лексилиум, не се дел од неговиот начин на живот, вели дека тој е едноставно таков, со што се реши дилемата околу смиреноста и трпеливоста на актуелниот министер.

-Апсолутно ништо не практикувам или користам за смирување, ниту јога, медитација или пак лексилиум. Тоа е вистината. Само слушам внимателно за време на пресовите. Отсекогаш сум смирен, ми се случувало да седам и да работам на микроскоп со часови – открива министерот за „Фокус“.

На прашањето дали и во друштво исто така е смирен, дали му се случува да избувне или пак да повиши тон со блиските, дома, одговара дека сталоженоста е дел од неговиот карактер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот