Филипче: Не чувствувам одговорност за зголемување на бројката со коронавирусот, сите мерки беа издржани и аргументирани

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека не чуствува одговорност за зголемување на бројот на носители на коронавирусот по олабавување на мерките од страна на Владата.

– Апсолутно не. Сите мерки кои ги предлагавме до Владата беа издржани и аргументирани со многу параметри на дневна основа и на тие анализи кои се прават за период од две недели. Така се прави и кривата на преносливост и анализите и проценките како ќе се одвиваат натаму бројките. Секогаш има еден фактор што не може да се предвиди, а во овој случај тоа е она што сега се случува, односно непочитувањето на мерките во рамки на некои настани, рече Филипче на прес-конференција.

Новата бројка на заболени, како што кажа, е резултат на семејни собири и прослави во период од 23-25 мај.

– Огромен број луѓе веднаш кажуваат каде се движеле, кога биле на гости, колку чести биле тие контакти за време на семејните посети. Рестрикцијата на движење очигледно тогаш не се почитувала исто како и превентивните мерки за дистанца и носење маски, истакна Филипче.

И претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџоски истакна дека е крајно разочаран поради непочитувањето на мерките, неносењето на маска, групирањето и ифтарските вечери, за кои рече дека „ни се удрија од глава како бумеранг“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот