Филипче: Граѓаните кои ја пропуштиле вакцинацијата ќе имаат нова можност

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерот за здравство Венко Филипче денеска го  посети геронтолошкиот завод „13 Ноември“ каде во тек е процес на имунизација на приоритетните групи.

“Во двата дома Сју Рајдер веќе завршена е вакцинацијата, 10 луѓе од 60 во Битола се вакцинирани, 22 од 60 во Скопје и во центарот за сместување на стари лица Мајка Тереза 22 од 50 вкупно сместени корисници, рече Филипче.
Во моментов е во тек вакцинацијата во Геронтолошкиот завод во Скопје “13 Ноември”, а системот на другите вакцинални пунктови низ државата продолжува и според планираното денеска се опфатени припадниците на Армијата и наставниците од прво до трето одделение.
Тој рече дека граѓаните кои го  пропуштиле терминот за вакцинација, ќе имаат повторна    можност да се вакцинираат во следна прилика.
-Огромен процент и од здравствените работници веќе се вакцинирани, близу 90 и тоа беше дел од стратегијата заради тоа што овие здравствени работници навистина треба да се заштитени, прво да бидат заштитени самите тие а второ да ги штитат и постарите сместени луѓе. Ги чекаме списоците од останатите центри за згрижување на постари лица од другите градови Куманово, Прилеп и Берово, а согласно динамиката ќе продолжи вакцинацијата на таму сместените корисници. Во меѓувреме останатиот дел од системот добро функционира и денеска продолжува вакцинацијата ширум пунктовите во државата во Арената А1 Борис Трајковски дел од припадниците на Армијата и наставничките од прво до трето одделение сега во овој момент е вакцинацијата, нагласи Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот