Филип Морис со донација од опрема за Инфективна клиника во вредност од 110.000 евра

Компанијата Филип Морис денеска донираше опрема за Клиниката за инфективни болести, во вредност од 110.000 евра.

„Филип Морис, како глобална компанија, има развиено силно чувство на солидарност и целосно ги поддржуваат и ги признаваат огромните напори на Владата, но осoбено на медицинскиот персонал во Македонија во нивната борба против пандемијата предизвикана од Ковид-19.

За таа цел, како што секогаш оваа компанија поддржувала вредни проекти значајни за општествениот развој, така и овој пат Филип Морис ТКП преку донација обезбеди вредна медицинска опрема (ЕКГ апарати, механички вентилатор, дефибрилатори, инфузиомати, монитори за инвазивно мерење притисок на пациенти, хируршки аспиратори, итн.) во вкупна вредност од 110 илјади евра“, се наведува во соопштението од компанијата.

Оваа опрема ќе биде дистрибуирана оваа недела и е наменета за користење од страна на медицинскиот персонал при Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот