Филип Лазаров го продолжи договорот со германски Интерактив

Фото: Interaktiv.Handball/Фејсбук

Филип Лазаров доби продолжување на договорот на тренерската позиција во германски Интерактив до 2024 година.

Поранешниот репрезентативец на Македонија имаше успешен старт на сезоната, па иако дојде како привремено решение, сепак по неговите добри резултати стигна потврдата за продолжување на соработката.

Новиот договор го обврзува Лазаров да го води германскиот клуб и во наредната 2023/24 сезона.

Интерактив во есенскиот дел од првенството е без пораз по 13 натпревари, одиграа само еден натпревар нерешено и славеа на 12 средби. Очекувањата се клубот да се бори за место во третата германска лига.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот