ФИФА размислува за воведување  трет преоден рок

твитер

Светската фудбалска федерација (ФИФА) поради пандемијата на коронавирусот размислува за воведување на трет преоден рок.

Третиот преоден рок би можел да биде воведен доколку сегашниот систем на два преодни рока од вкупно 12 недели не биде продолжен. Преодните рокови ќе бидат флексибилни и ќе овозможат поместување на моментниот преоден рок така што трансферите ќе бидат дозволени помеѓу крајот на старата сезона и почетокот на новата сезона – изјави Џејмс Кичинг, директор во ФИФА за регулатива.

Поради пандемијата на коронавирусот сите фудбалски натпреварувања, ФИФА пред неколку дена објави неколку препораки за да се задржи регуларноста на првенствата доколку се овозможат услови тие да се доиграат.

ФИФА објави дека договорите на фудбалерите кои се со важност до 30 јуни да се продолжат се до завршување на сезоната, а трансферите да се официјализираат по завршување на сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот