Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ФИФА: Кардиф мора да ја исплати целата сума за трансферот на Емилијано Сала
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) одлучи дека Кардиф мора му го плати на Нант остатокот од парите за трансферот на Емилијано Сала, кој загина во авионска несреќа во 2019 година пред да игра за велшкиот клуб, објавија адвокатите на клубот од Франција.
Препорачано
Кардиф ќе треба да плати нешто повеќе од 11 милиони евра, што одговара на сумата на последните две рати, пренесува „Гардијан“.
Велшкиот клуб во јануари минатата година ја плати првата рата (шест милиони евра) за трансферот на поранешниот аргентински напаѓач, по првата одлука на ФИФА, по што следеше неуспешна жалба до Судот за спортска арбитража (ЦАС).
На 21 јануари 2019 година Сала загина во пад на мал туристички авион, кој го носеше од Нант во Кардиф, со кој тогаш 28-годишниот играч потпиша договор.
Според адвокатот на францускиот клуб, првите луѓе на Нант „едвај чекаат правниот аспект на оваа трагична несреќа да биде дефинитивно затворен“.
Кардиф, кој цели четири години инсистираше на тоа дека трансферот на Сала не беше завршен во моментот на несреќата, бара од Нант околу 100 милиони евра за загубата на приходите поврзани со оваа несреќа.
Организаторот на трагичниот лет на Емилијано Сала осуден на 18 месеци затвор
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
3час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5