Фич го намали кредитниот рејтинг на Турција

турски лири фото миа

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг Фич (Fitch Ratings) го намали кредитниот рејтинг на Турција од Б плус на Б.

– Траекторијата останува многу неизвесна поради зголемените ризици од обратна индексација, понатамошно обезвреднување на лирата и зголемување како на брзината и на големината на преносот на девизниот курс, се истакнува во извештајот на Фич.

Според агенцијата „селективната макропруденцијална политика за намалување на темпото на растот на кредитите и построгите мерки за управување со тековите на капитал не ги намалија ризиците за макроекономската и финансиската стабилност на Турција”.

Во извештајот на Фич се посочува и дека од декември 2021 година турската Централна банка ја одржува основната каматна стапка на 14 отсто и покрај брзото зголемување на инфлацијата, влијанието на војната во Украина врз пазарите на стоки и заострувањето на монетарната политика во повеќето економии во развој

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот