Фетаи бара одговор до каде е екстрадицијата на обвинетите во „Монструм“

Фатиме Фетаи, обвинителката во процесот „Монструм“, кој денес се одржува во Основниот суд Скопје 1, побара од судот да се обрати до Министерството за правда за конкретен одговор до каде е постапката за екстрадицијата на Алил Демири и Агим Исмаиловиќ, дел од обвинетите во овој случај кои се наоѓаат во Косово.

Фетаи нагласи дека процесот е во втора фаза и може за брзо да има пресуда, а од Министерството за правда уште добивала ист одговор.

Во овој случај обвинителството поседува 133.000 разговори и други транскрипти, кои до денеска јавноста ги нема видено и слушнато.

Обвинителката Фетаи нагласи дека во некој од следните рочишта ќе биде повикан „свиркачот“ Звонко Костовски да објасни како цел тој материјал е собран, бидејќи дел од истиот било добиено од незаконското прислушкување од страна на УБК.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот