Фејсбук им забрани на руските државни медиуми да прикажуваат реклами на платформата

Фејсбук/Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми да прикажуваат реклами и да монетизираат на платформата, каде било во светот. Фејсбук, исто така, ќе продолжи да применува етикети на дополнителни руски државни медиуми, објави на Твитер шефот за безбедносна политика Натаниел Глејхер.

„Внимателно ја следиме ситуацијата во Украина и ќе продолжиме да ги споделуваме чекорите што ги преземаме за да ги заштитиме луѓето на нашата платформа”, рече тој.

Фејсбук претходно лансираше нова опција во Украина која им овозможува на корисниците да ги заклучуваат своите профили за дополнителна безбедност и приватност.

Русија делумно го ограничи Фејсбук како одговор на блокирањето на некои руски државни медиуми.

Рускиот регулатор за комуникации Роскомнадзор го обвини сопственикот на Фејсбук Мета за кршење на „фундаменталните човекови права и слободи, како и правата и слободите на руските граѓани” со блокирање на страници, вклучувајќи ја и државната новинска агенција РИА Новости.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот