Фаучи: Колективен имунитет во САД наесен кога околу 70 отсто до 80 отсто од населението ќе биде вакцинирано

Доктор Ентони Фаучи / Фото: EPA-EFE/KEVIN DIETSCH / POOL

Главниот медицински советник во Белата куќа, Ентони Фаучи, изјави дека има список на приоритети за вакцинација, но истакна дека верува оти „приоритетите” ќе бидат постигнати до април и дека сите ќе можат да се вакцинираат.

Во изјава за НПР тој додаде дека колективен имунитет може да се постигне до рана есен, кога околу 70 отсто до 80 отсто од населението ќе биде вакцинирано.

Фаучи изјави дека луѓето се уште треба да останат внимателни во однос на посетите, дури и по приемот на вакцина, бидејќи тоа не обезбедува 100 отсто заштита.

– ЦДЦ постојано ги проценува овие работи. Во моментов … препораките за ова не се променија. Ние навистина сакаме да нагласиме дека првото нешто што сакаме да го направиме е да се осигураме дека сите постојано носат маска, изјави Фаучи.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот