Фатен штипски дилер, во „БМВ-то“ му нашле „бела грутчеста материја“

Фото: МВР / илустрација

По претходно добиени оперативни сознанија и преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Штип го лишиле од слобода А.С.(32) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

„На 28.10.2022 по добиена судска наредба полициските службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на осомничениот и во неговото патничко моторно возило „БМВ”, при што биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, пари, мобилен телефон“, велат од полицијата.

По целосно документирање на случајот, против А.С. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот