Фатен разбојник при кражба во Куманово

Апсење / Фото: МИА

Вчера во 11 часот полицијата го привела дваесет и седум годишниот С.Р од Куманово кој е осомничен за кражба од приватен имот.

 

„На 24.08.2023 во 11.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р.(27) од Куманово. Тој се сомничи дека на 22.08.2023 од приватен имот на ул. „Живко Чало” во Куманово одзел повеќе предмети, додека на 23.08.2023 бил затекнат при обид да изврши кражба од куќа на улицата „30 Јули” во Куманово. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а С.Р. бил задржан во полициска станица и во службен разговор ги признал делата“, информираат од МВР.

 

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот