Фантастична насловна страница на „Лекип“ за тивката војна во Барселона (ФОТО)

Лионел Меси повторно ја критикуваше актуелната управа на каталонскиот клуб поради однесувањето за време на кризата со коронавирусот.

Аргентинецот е разочаран и гневен од управата бидејќи јавно би притискаше да се согласат на намалување на платите, иако самите фудбалери дојдоа на ваква идеја уште пред да се појават написите во медиумите.

Фудбалерите на предлог на Меси се согласиле да се отажат од дел од своите примања, а исто така се согласија да донираат средства за да се зачуваат работните места на вработените во администрацијата и тие да не добијат намалување на платите.

– Свесни сме дека фудбалерите мора да го понесат најголемиот товар од економската криза која го погоди клубот, но ги разбирам потезите на управата на клубот која како да сакаше јавноста да ја сврти против нас – изјави вчера меѓу другото Меси.

Меси и сите фудбалери на Барселона за пишувањата на медиумите на оваа тема сметаат дека е виновна управата. Тие сметаат дека токму таа им го дала информациите на медиумите со цел играчите да се презентираат како алчни и неблагодарни, но Аргентинецот не го дозволи тоа јавно искажувајќи разочарување од управата.

Борбата на Меси против челниците на Барселона е топ тема во главните спортски вести ширум светот, а најугледниот спортски весник „Лекип“ направи фантастична насловна страница на која Меси го прикажа како познатиот револуционер Ернесто Че Гевара, а насловот гласеше „Лео Меси, Че на Барселона“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот