селин дион
Селин Дион / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Фановите загрижени, каде исчезна Селин Дион: Пејачката денес го слави 54-от роденден, но од неа нема ниту трага

Селин Дион денес го слави 54-от роденден, но од неа нема ниту трага ни глас…

Публиката и фановите се загрижени бидејќи Селин Дион исчезна од јавноста. Од октомври 2021 година никој не слушнал ништо за неа. Странските медиуми во неколку наврати се обидувале да дојдат до информации за неа, но безуспешно.

Од уметничка која секогаш беше многу достапната, останаа само неколку објави на нејзиниот инстаграм-профил, но на нив не е потпишана таа, а добро е познато дека тоа може да го стори било кој од нејзиниот тим.

Во јавноста се шпекулира дека е сериозно болна и дека сè уште не закрепнала. Никому не му е јасно за каква болест се работи, но сите го прифатија тоа образложение, со оглед на тоа што пејачката минатата година драстично ја намали тежината.

селин дион
Селин Дион/Фото: Принтскрин / Instagram

Таа се трудеше да ги оправда слабеењето и лошата физичка состојба со изговор дека му се вратила повторно на балетот и дека многу работи. Од октомври, кога ги откажа сите настапи, Селин Дион објавува само извадоци од нејзините стари видео спотови.

Фановите во пораките пишуваат: „Би сакале да имаме некои новости за Селин…“

Нејзиното последно обраќање до публиката беше кон крајот на 2021 година.

„Навистина се надевав дека ќе можам да го одржам настапот, но претпоставувам дека само треба да бидам трпелива и да го следам режимот што ми го препишаа докторите. Ќе ми биде мило да се вратам целосно здрава, едвај чекам да застанам на сцената“, изјави таа.

Денес Селин Дион го слави својот 54 роденден и по тој повод ве потсетуваме на некои интересни детали од нејзиниот живот:

Селин Дион/Фото: Профимедиа

1. Селин е помлада од синот на нејзиниот покоен сопруг.

Најстариот син на Рене Анџели, Патрик Анџели, од првиот брак, е роден три месеци пред славната маќеа.

2. Универзитетот Лавал и додели почесен докторат по музика во 2009 година.

3. Првиот договор за снимање го потпишала на 12 години.

4. Таа е најмладата од 14-те браќа и сестри.

5. Во 1994 година нејзината венчавка со Рене се емитуваше во живо.

6. Имала само 16 години кога настапила пред папата.

7. Во 1990 година основаше синџир ресторани кој и денес успешно работи.

8. Во 2000 година таа и Рене ги обновија заветите во Лас Вегас.

9. Течно зборува 5 јазици: англиски, шпански, германски, француски и јапонски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот