Фајненшл Тајмс: Заканите на Додик за отцепување и руската блокада на проширувањето на ЕУ и НАТО

Милорад Додик / Фото: Профимедиа

Заканите на Милорад Додик за отцепување на Република Српска доаѓаат во време кога Западот се бори со Русија и Кина за влијание на Балканот, пишува угледниот Фајншл Тајмс и истакнува дека Додик ги зајакнал односите со Владимир Путин, чија главна стратешка цел во регионот. е да го блокира натамошното проширување на ЕУ и НАТО.

Додик и Путин
Милорад Додик и Владимир Путин на средба во Москва/ Фото EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV

 

Во написот под наслов „Лидерот на босанските Срби им пркоси на санкциите додека се зголемуваат тензиите“, „Фајненшл тајмс“ ја разгледува актуелната политичка криза во Босна и Херцеговина, која кулминираше со етнички тензии.

Британскиот весник потсетува на неодамна проширените американски санкции против Милорад Додик, политичар кој за прв пат победи на изборите пред дваесет години, кога на Запад се гледаше како личност способна да донесе позитивни промени во БиХ.

Вашингтон го замрзна имотот на Додик во САД преку санкции за „дестабилизирачки и коруптивни активности“ кои го загрозуваат мировниот процес, а Брисел се заканува дека ќе го следи примерот и ја осудува „запаливата реторика“ од неодамнешната контроверзна прослава на 9 јануари во Бања Лука прогласена како ден на независноста на Република Српска се наведува во текстот.

„Но, сè понационалистичкиот политичар го прикажува Дејтонскиот мировен договор од 1995 година како алатка на западните интереси. Тој ја бојкотира работата на државните институции од јули минатата година и сака да го прекине учеството на ентитетот на Република Српска во секторите за одбрана, правда и оданочување на државно ниво. Изгледите за она што всушност би било квази отцепување предизвика меѓународни предупредувања за ризикот од обновување на етничкото насилство“, пишува угледниот медиум.

Милорад Додик и Јанез Јанша
Милорад Додик и Јанез Јанша / Фото: Твитер, Јанез Јанша

Додик, кој политички им се приближи на некои лидери, вклучувајќи го и Владимир Путин, рускиот претседател, пркосно одговара:

„Ако мислат дека ќе ме дисциплинираат, многу грешат“, изјави тој за РТРС по американските санкции, додавајќи дека „имам нов мотив да се борам за правата што ни беа одземени 26 години“.

Средба на Додик и Ердоган во 2019-та година/ Фото EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Фајненшл тајмс потсетува дека заканите на Додик дојдоа откако Валентин Инцко, сега поранешен меѓународен висок претставник во БиХ, воведе забрана за негирање на геноцидот непосредно пред да ја напушти функцијата минатата година.

Додик и Орбан на средба во Будимпешта во 2019 година / фото: ЕПА/ЕФЕ

Харис Силајџиќ, поранешниот премиер на БиХ и член на Претседателството на БиХ, кој учествуваше во мировните разговори, тврди дека Додик сака Република Српска да краде државно земјиште и имот од државната контрола.

“Додик сака да ги добие ресурсите на Босна и Херцеговина“, со што ќе ја има целосната контрола врз земјата изјави Силајџиќ,

Валери Пери, висок член на Советот за демократизација на политиката, предупреди на сериозен ризик од корупција и оценувајќи дека е загрижувачки што меѓународната заедница повеќе не се противи на ткоруптивните актвиности на политичарите од Република Српска .
Додик засега не одговори ниту пак даде коментар на обвиувањата упатени преку Фајненшл Тајмс

Собрание република српска
Собрание република српска/ Фото Aрхива на Слободен печат

Мајда Руге, висок соработник во Европскиот совет за надворешни односи, го нарече потегот на Додик за отцепување „очајна ескалација“, додавајќи дека само одвојувањето на даноците ќе чини 360 милиони американски долари годишно во изгубени буџетски приходи, во споредба со 7 милијарди американски долари бруто-домашен производ.

Фото: Министерство за внатрешни работи на Република Српска

БиХ распиша избори за октомври оваа година. Опозицијата во Република Српска смета дека единствениот начин на Додик да ја задржи владата е да ја одржи кризата.


Опозицијата смета дека „Додик е политички блефер“но ги нема вистинските одговори на предизвиците во економијата, пандемијата, корупцијата, емиграцијата, владеењето на правото“, се додава во весникот .

Сепак забраната за негирање на геноцидот според експертите му помогнала на Додик и ќе го користат додека можат, до изборите ако е можно“, со цел да добие што повеќе гласови.

Заканите на Додик за отцепување доаѓаат додека Западот се бори со Русија и Кина за влијание на Балканот. Од 2006 година, Додик ги зајакна врските со Путин, чија главна стратешка цел во регионот е да го блокира понатамошното проширување на ЕУ и НАТО. Додик го посети рускиот претседател во декември, велејќи дека му дал поддршка против „либералниот запад“.

Фото: Instagram

 

Сепак, во текстот се истакнува дека Александар Вучиќ, претседателот на Србија, се оградил од Додик, иако неговиот сопствен српски национализам предизвика критики од Западот.

„Меѓународната заедница направи илјадници грешки во БиХ“, изјави Вучиќ за „Фајненшл тајмс“ Вучиќ за овој весник оценил дека одземањето на ингеренциите и овластувањата на Република Српска, е игнорирање на вољата на народот.

Извори во БиХ и западни дипломати велат дека иако американските потези би можеле да најават построги санкции, Западот исто така ја држи отворена вратата за разговори со водачот на Србите во БиХ.
Весникот го пренесува и мислењето на голем број од западните политчари кои сметаат дека единствениот одговор на Западот може да го принуди Додик да го промени курсот за отцепување на РС од федерацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот