Евтино и достапно – на половина од македонските пушачи една кутија цигари им е малку на ден

Цигари во ресторан илустрација/ Фото: Ingo Kuzia/Intro / imageBROKER / Profimedia

Студијата на Аналитика Тинк-Тенк, покажува и дека зголемувањето на цената на цигарите за 10 проценти, може да ја намали нивната потрошувачка од 4 до 8 проценти

Лица со просечна возраст од 18 до 24 години (53,1 отсто) од младите, првпат ставаат цигара во уста. Покрај тоа значителен дел (44,4 отсто) од сегашните пушачи консумираат повеќе од 20 цигари дневно. Ова го покажува обемната студија на Аналитика Тинк-Тенк, од каде посочуваат дека се потребни итни мерки за контрола на тутунот и насочени интервенции за намалување на пушењето и неговите придружни штетни ефекти.

– Просечните цени за кутија цигари во земјава лани биле реативно ниски и се движеле од 1,82 до 2,77 долари, а просечната плата тогаш била 572 долари. Покрај тоа Македонија има ценовно најдостапни цигари во регионот со безначајни 0,03 отсто од просечниот БДП по глава на жител потребни за купување на 100 кутии од најпродаваните цигари во земјава (Светска банка и ДЗС за 2023 година). Покрај тоа Македонија има многу ниско даночно оптоварување на тутунот, така што акцизата како процент од просечната цена на цигарите во државава, годинава изнесува 65,6 отсто – детализира Бојана Мијовиќ Христова, проектен менаџер и постар истражувач во Аналитика.

Студијата на Аналитика покажува и дека зголемувањето на цената на цигарите за 10 проценти, може да ја намали нивната потрошувачка од 4 до 8 проценти.

– Ако на пример ја зголемиме специфичната акциза на тутунските производи, тоа ќе доведе до низа зголемувања на вкупните даночни приходи од 4,90 до 15,3 проценти – посочи Мијовиќ Христова.

За потсетување, во 2003-та е донесен Закон за заштита од пушење со делумни ограничувања на јавните места. Пет години подоцна пушењето беше забрането на повеќето јавни места, вклучително училишта и други јавни објекти. Во 2010 година е воведена општа забрана за пушење на јавните места, меѓу кои и ресторани и барови, а во 2018 забраната за пушење доживеа делумно попуштање со законските измени, со кои се дозволи пушење во специјално одредени простори, отворени тераси, со што се смени претходната сеопфатна забрана за пушење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот