Европска музичка иницијатива: Три македонски групи се номинирани за наградите ХЕМИ

Меѓународното жири на ХЕМИ (Центар за размена на музички иновации), составено од организатори на фестивали, промотори и продуценти, менаџери на музички експорт бироа и музички новинари, од вкупно 285 исклучителни европски таленти од Централна и Југоисточна Европа, избра 27, меѓу кои се наоѓаат едни од најквалитетните музички изведувачи од домашната сцена: „Фанк шуи“ (Funk shui), „Плуто’с даутс“ (Pluto’s doubts) и „Ју“ (Yöu).

„Фанк шуи“ (Funk shui)

Девет од 27-те кандидати ќе стигнат до втората фаза, која вклучува персонализирана поддршка, обука и вмрежување, а во последната фаза, три музички изведувачи ќе ја освојат музичката награда ХЕМИ. Таа е замислена како пакет кој ги покрива трошоците за создавање содржина, промотивни кампањи и турнеја на бројни интернационални шоукејс фестивали и конференции.

„Ју“ (Yöu)

Музичките награди ХЕМИ е нова програма, наменета за талентирани музички изведувачи кои се подготвени да развијат меѓународна кариера и да ја пласираат својата музика на европско ниво. Програмата е организирана од ХЕМИ како европска иницијатива, која има за цел поддршка на изведувачи и професионалци во музичкиот бизнис од Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Северна Македонија, Полска, Романија, Србија и Словенија, соопштија од „Пасворд продукција“.

„Плуто’с даутс“ (Pluto’s doubts)

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 67, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 6-7 февруари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот