Европол уапси 57 педофили за сексуално искористување деца, четворица од нив се учители

Петмина педофили се уапсени во Хрватска во меѓународна акција и против нив е поднесена кривична пријава за искористување на деца за порнографија, соопшти денеска Управата на хрватското МВР.

Се наведува дека во минатогодишната меѓународна акција, чии податоци можеле да се објават дури сега, е утврден идентитетот на петмина осомничени кои споделувале содржина за сексуална злоупотреба на деца на подрачјето на три хрватски полициски оддели.

Во два случаи е утврдено дека сторителите биле странски државјани кои привремено престојувале во Хрватска, па натамошната кривична истрага е продолжена преку меѓународна полициска соработка.

Утврдено е дека сторителите поставиле и споделиле вкупно повеќе од 46.000 датотеки кои прикажуваат сексуална злоупотреба на деца.

Се известува дека вкупно 57 мажи од сите општествени слоеви биле уапсени во текот на септември како дел од акцијата на Емпакт поддржана од Европол, а тие се осомничени дека ширеле материјали за сексуална злоупотреба на деца користејќи мрежи „peer-to-peer“.

Осомничените се на возраст од 23 до 72 години, а нивната просечна возраст е 49 години. Четворица осомничени се учители, а еден работи со деца со посебни потреби, што ја прави акцијата уште позначајна, се вели во соопштението, пренесува Телеграф.

Некои од уапсените имале директен контакт со деца благодарение на нивната професија, а десет од нив имале свои деца.

Најмалку едно дете било спасено од континуирано физичко малтретирање, додека другите деца може да се сметаат за спасени од потенцијална злоупотреба.

Покрај Хрватска, во акциите против сексуалните злоставувачи на деца учествуваа уште 26 европски земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот