Европа не може да произведува прифатливи електрични автомобили

Фото Архива

Мултинационалниот автомобилски гигант Стелантис заклучи дека во моментов не може да произведува електрични возила по пристапни цени во Европа и бара поевтини производствени локации, како што е Индија.

Доколку Индија, со својата база на евтини добавувачи, ги исполни целите за квалитет и трошоци на Стелантис до крајот на следната година, може да ја отвори вратата за извоз на електрични возила на други пазари, рече извршниот директор Карлос Таварес. Стелантис произведува брендови како Фиат, Крајслер, Пежо и Опел, пренесе Ројтерс.

Стелантис инвестира многу во електрични возила и планира да произведе десетици модели во следните десет години, но Таварес во октомври предупреди дека ќе бидат потребни уште пет до шест години за да се произведат достапни електрични возила на батерии, објави Хина. „Денес проблемот со електричните возила е главно цената, а не технологијата“, нагласи Таварес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот