Евроамбасадорот Сореца лично побарал зголемено ниво на обезбедување

Албанскиот министер за внатрешни работи Бледи Чучи даде одговор на се погласното прашање кој побарал зајакнување на обезбедувањето на амбасадорот на Европската унија во Тирана, Луиџи Сореца, кого од 23 јуни го обезбедува Националната гарда.

Одговарајќи на новинарско прашање Чучи рече дека лично амбасадорот побарал зголемување на нивото на безбедност, но за причините новинарите ги упати до кабинетот на Сореца.

-Добивме барање од обезбедувањето на амбасадорот Сореца и врз основа на тоа го зголемивме нивото на безбедност. Треба да го прашате кабинетот на амбасадорот зошто го побараа тоа, рече министерот.

Националната гарда се грижи за безбедноста на амбасадорот Сореца и објектите каде што е сместен или извршува одредена активност.

Како што стои во одлуката, објавена во Службен весник, истата е донесена врз основа на член 100 од Уставот и законот за Националната гарда на Албанија а по предлог на министерот за внатрешни работи.

Според првиот полицаец, Чучи, Министерството за внатрешни работи и Националната гарда кои врз основа на одлуката се надлежни за спроведување на истата, тоа веќе го реализираат од 23 јуни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот