ЕВН: Едно семејство од Студеничани држи во заложништво сто домаќинства кои во моментов се без струја

струја фото миа

Семејството Идризи практично држи во заложништво сто домаќинства, поради тоа два нисконапонски изводи во скопското село Студеничани во моментов се без напојување, како резултат на кражби и неконтролирано користење на електрична енергија во тој дел од селото, велат од ЕВН.

Тие информираат дека неопходно е да се санира дефектот за да се овозможи легално приклучување и мерење на електричната енергија.

-Според информации на терен, семејството Идризи веќе подолго време присвоила и оградила улици на подрачје од 30-тина куќи и ги спречуваат екипите на ЕВН да го санираат дефектот. Неопходно е да се санира дефектот и реконструира мрежата за да се овозможи легално приклучување и мерење на електричната енергија. Нашата законска обврска е да им обезбедиме на сите граѓани стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија, велат од Електродистрибуција и додаваат дека вложуваат напори да се надмине ситуацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот