ЕУ: Време е да се дегетоизираат Косовците

Фото: Профимедиа

Иако Косово ги исполни сите критериуми дефинирани од Европската унија за укинување на визите, 28-те земји-членки на ЕУ сè уште не го дале последниот збор за овој процес. Официјални лица од Канцеларијата на Европската унија во Приштина за Зери изјавиле дека и покрај тоа што на земјите-членки им следува да донесат конечна одлука, крајно време е на Косовците да им бидат либерализирани визите.

“Процесот на одлучување на ЕУ за визна либерализација за Косово продолжува. Како што рече високиот претставник на ЕУ, Могерини, за време на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Хелсинки, Европската комисија му сугерирала на Советот дека дојде време да се донесе одлука за визна либерализација за Косово. Таа при тоа додаде дека сега му следува на Советот да ја донесе таа одлука, изразувајќи уверување дека вистинско време е народот на Косово да добие визна либерализација”, се вели во одговорот на Канцеларијата.

Но, се додека се случи укинувањето на визите, Канцеларијата на ЕУ истакна дека Косово мора да продолжи со напорите за владеење на законот, безбедноста и миграцијата.

Од друга страна, познавачите на интеграционите прашања се скептични дека неодамнешните изјави на официјални претставници на ЕУ можат да ја забрзаат визната либерализација. Според нив, ова зависи директно од подобрувањата што ги прави Косово во областа на владеењето на правото, како и индиректно од текот на разговорите со официјална Србија, пренесува Зери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот