ЕУ увезла играчки во вредност од 7,1 милијарди евра

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Европската унија увезла играчки во вредност од 7,1 милијарди евра од други земји во светот, а најголем снабдувач била Кина, објави европската статистичка служба Евростат, пренесе Бета.

Според податоците за 2021 година, извозот на играчки од ЕУ во земјите кои не се членки достигна третина од вредноста на увозот и изнесува околу 2,4 милијарди евра. Најмногу играчки доаѓаат од Кина, од која се увезени 83 отсто од играчките, многу повеќе од другите земји. Четири отсто биле увезени од Виетнам, а два отсто од Обединетото Кралство.

Околу една петтина од увезените играчки отишле во Германија (19 отсто), Холандија 17 отсто и Франција 11 отсто. Најголема извозна дестинација беше Обединетото Кралство, каде што ЕУ извезла 27 проценти од играчките. Следуваат Швајцарија (12 проценти) и САД (11 проценти). Третина од играчките извезени од ЕУ се произведени во Чешка (34 отсто), 21 отсто во Германија и седум отсто во Белгија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот