ЕУ стравува од руска одмазда и сајбер напади по замрзнувањето на имотот

Фото: Flickr

Колку повеќе владите размислуваат за конфискација на замрзнатите руски средства за да помогнат во финансирањето на реконструкцијата на Украина, толку таа процедура станува сe’ посложена.

Политико анализира дека со месеци, претставниците на Европската унија бараат начини како да ги искористат средствата во вредност од околу 200 милијарди евра што блокот ги имобилизираше по инвазијата на Владимир Путин на Украина во февруари 2022 година, но како што објавија, тој постојано создава нови проблеми. Сега, некои влади смислуваат план како да се обидат да го постигнат истиот исход без да ја запечатат судбината на замрзнатите руски средства.

Според угледниот медиум, групата индустриски развиени земји Г7 го разгледува предлогот за користење на овие средства како гаранција за банкарски заеми ,кои пак би можеле да ја финансираат обновата на украинската економија. Овие средства би биле запленети доколку Русија одбие да плати надомест на штетата по завршувањето на војната која има катастрофални последици.

Белгискиот конзервативен пратеник во Европскиот парламент Јохан Ван Овертвелт, кој ја изнесе оваа идеја во интервју за politico.eu минатата недела, рече дека овој потег ќе изврши притисок врз Путин да ја прекине војната и конечно да седне на преговарачка маса.

„Ако ги земете во предвид тие 200 милијарди евра вкупно , дали тоа ќе биде доволен мотив за Путин да прифати мировни преговори?“, прашува Ван Овертвелт.

Како што објави politico.eu oвие предлози доаѓаат во време на зголемена загриженост за одмаздата на Москва – вклучително и потенцијални сајбер напади насочени кон западните земј.

Неколку европски претставници вклучени во дискусиите предупредија дека тоа може да предизвика реакција против европските средства во Русија. Ова се надоврзува на предупредувањата дека може да се наруши угледот на еврозоната, што пак ја прави помалку привлечна за инвеститорите.

„Влегуваме во непознати води“, рече дипломат на ЕУ, говорејќи под услов да остане анонимен за да разговара за овие како што изјавил, чувствителни теми. „Секој би бил загрижен за потенцијалните последици од конфискацијата на имотот“, изјавил за ПОЛИТОКО неименуваниот експерт.

Неповрзаните напори на ЕУ да инкасира готовина во Украина од нејзиниот централен буџет се соочи со сериозен политички отпор, што ги поттикна владите да ги насочат своите погледи во алтернативни извори на пари. Беа потребни недели европските дипломати да ја убедат Унгарија на 1 февруари да го повлече ветото за финансиска инјекција од 50 милијарди евра помош од ЕУ за Украина.

Финансиска стабилност

Според поддржувачите на предлогот, планот за конфискација на имотот би можел да генерира над 200 милијарди евра за поддршка на повоената обнова на Украина. Земјите од Г7 имаат за цел да излезат со координиран план  во услови на зголемен притисок од Соединетите Држави, кои, заедно со Обединетото Кралство и Канада, имаат помалку дилеми околу овој предлог од земјите на ЕУ како Германија, Франција и Италија.

Во Европа, постојат стравувања дека Москва може да возврати со поднесување на низа жалби против Euroclear- финансиски депозитар со седиште во Белгија, кој го држи огромното мнозинство на руски резерви во Европа.

Онлајн напади

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во декември изјави дека Русија ќе возврати против конфискацијата на нејзините имобилизирани средства. Без да навлегува во детали, тој посочи дека тоа би можело да го стори и Русија со западните средства.

Белгиски официјален претставник, кој исто така сакаше да остане анонимен, предупреди дека Кремљ би можел да одговори со таргетирање на замрзнатите средства во Русија за кои одговорноста ја сноси Euroclear.

Извршен директор од компанија за сајбер безбедност изрази загриженост дека конфискацијата на имотот може да доведе до тоа Москва да развие способности да ги пренасочи големите финансиски трансакции на руска сметка.

Дипломатот истакна дека Кремљ ќе продолжи да ги поткопува европските финансиски интереси во Русија без оглед на тоа дали планот за конфискација ќе започне.

Европската комисија пак предупреди дека доколку се случи таа конфискација на имот, повикувајќи се на предупредувањата од Европската централна банка,  тоа може да го поткопа угледот на еврото.

Првичниот предлог на ЕУ ги таргетира само приходите од инвестираните средства на Русија, кои изнесуваат над 4 милијарди евра годишно, се вели во соопштението на Euroclear.  Европската комисија ќе треба да поднесе втор предлог за да се активира трансферот на готовина во буџетот на ЕУ, а потоа во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот