ЕУ: Со Белград и Приштина формиравме заедничко тело за следење на имплементацијата на договорот од Охрид

Портпаролот на Европската унија Петер Стано денеска изјави дека на 2 мај во Брисел ќе се одржи нова рунда од дијалогот на високо ниво меѓу Белград и Приштина.

Стано кажа и дека ЕУ формирала Заеднички надзорен одбор за следење на спроведувањето на Договорот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија и Анексот за имплементација договорен во Охрид.

„ЕУ, како олеснувач на дијалогот меѓу Белград и Приштина, заедно со Косово и Србија, како страни во дијалогот за нормализација на односите, денеска формираа Заеднички надзорен одбор за следење на спроведувањето на Договорот на патот кон нормализацијата меѓу Косово и Србија и Анексот за негово спроведување“, соопшти Стано.

Тој додаде дека очекува Проектираната задача да биде финализирана и усвоена на првиот состанок на комитетот, кој ќе се одржи по следниот состанок на високо ниво закажан за 2 мај во Брисел.

Како што кажа, овој надзорен одбор се формира 30 дена по состанокот на високо ниво во Охрид, како што е наведено во Анексот за имплементација.

Со Заеднички надзорен одбор за следење ќе претседава специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Како што се наведува, одборот редовно ќе се состанува во Брисел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот