ЕУ: Најстрого го осудуваме труењето на Навални

Алексиј Навални / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Институциите на ЕУ излегоа со силна осуда за наодите на германските доктори дека рускиот опозиционер, Алексеј Навални, бил отруен, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова го изјавија и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, и шефот на ЕУ дипломатијата, Јосеп Борел.

По токсиколошката анализа направена во Германија каде Навални беше итно префрлен на лекување од Русија, Европската Унија застанува зад германските наоди.

– Анализата докажува дека господинот Навални бил отруен со воен хемиски нервен агенс од групата “Новичок”, развиен од страна на Советскиот сојуз, а потоа Русија. Употребата на хемиско оружје е неприфатлива под било кои околност и претставува нарушување на меѓународното право, порача дипломатската служба на ЕУ.

ЕУ сега бара од Русија темелна и транспарентна истрага за “обидот за убиство врз господинот Навални” и предупредува дека овој случај не смее да остане нерасветлен.

-Одговорните мора да се соочат со правдата – бара Борел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот