ЕУ најави преглед на инвестицијата на Мајкрософт во ОпенАИ

Мајкрософт / Фото EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Европската комисија одлучи да ја провери конкуренцијата на пазарот во виртуелниот свет и во областа на генеративната вештачка интелигенција, сигнализирајќи анализа на инвестицијата на Мајкрософт во ОпенАИ.

„Виртуелните светови и генеративната вештачка интелигенција се развиваат брзо. Од клучно значење е овие нови пазари да останат конкурентни и ништо да не стои на патот на растот на бизнисот и обезбедувањето на потрошувачите со најдобрите и најиновативни производи“, рече европската комесарка за конкуренција Маргрете Вестагер.

Комисијата одлучи да ги истражи потенцијалните зделки меѓу „големите играчи на дигиталниот пазар“ и развивачите и добавувачите на генеративна вештачка интелигенција за да го утврди влијанието на нивното партнерство врз „динамиката на пазарот“, се вели во соопштението објавено денеска.

Управата за конкуренција на водечките „играчи“ на дигиталниот пазар им испрати барања за информации и очекува одговори до 11 март. Брисел, исто така, ја анализира инвестицијата на Мајкрософт во ОпенАИ за да утврди дали подлежи на одредби за спојување. Технолошкиот гигант инвестираше 1 милијарда долари во ОпенАИ во 2019 година и 10 милијарди долари во Четџипити во 2023 година.

Американскиот софтверски гигант тврди дека не поседува удел во ОпенАИ. „Единствената неодамнешна промена е што Мајкрософт сега ќе има статус на набљудувач без право на глас на одборот на ОпенАИ“, рече портпаролот на Мајкрософт.

Британскиот регулатор за конкуренција објави анализа на партнерството на Мајкрософт со ОпенАИ на почетокот на декември, истакнувајќи дека планира да утврди можно негативно влијание врз конкуренцијата на пазарот за апликации базирани на вештачка интелигенција. Управата за конкуренција и пазари (CMA) се сомнева дека партнерството де факто резултирало со преземање на контролата над ОпенАИ од Мајкрософт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот