ЕУ ќе учествува на мировната конференција за Украина, која во јуни ќе се одржи во Швајцарија

Украина ЕУ
Фото: EPA/SERGEY DOLZHENKO

ЕУ ќе учествува на мировната конференција за Украина што ќе се одржи во јуни во Швајцарија, рече денеска на прес-конференција портпарол на Европската комисија во одговор на новинарско прашање.

Тој појасни дека се уште не е добиена покана и не е утврдено кој ќе ја претставува ЕУ.

Го поздравуваме одредувањето датум, додаде портпаролот, откако вчера беше прецизирано дека средбата ќе се одржи на 15 и 16 јуни. „ЕУ ќе продолжи со напорите во потрага по најголема можна поддршка ширум светот за постигнување праведен и траен мир во Украина врз основа на украинскиот предлог“, додаде тој.

Според него, овие напори се насочени и кон идната светска средба за мир. „Со задоволство ќе учествуваме на конференцијата во Швајцарија, чекаме покана“, додаде портпаролот на Европската комисија.

Руската страна не планира да учествува на состанокот закажан за јуни, а Кина претходно изрази подготвеност да размисли за учество. Според швајцарската претседателка Виола Амхерд, на конференцијата не се очекува да биде одобрен никаков мировен план.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот