ЕУ ја префрла одговорноста за смртта на Навални на рускиот режим

Шарл Мишел
Шарл Мишел / 24 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Алексеј Навални се бореше за вредностите на слободата и демократијата, напиша на социјалната мрежа „Икс“ претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел по повод веста за смртта на рускиот опозициски лидер.

„За своите идеали, Навални го жртвуваше најскапото. За ЕУ, одговорноста за неговата трагична смрт е целосно на рускиот режим, посочува Мишел.

Тој изразува сочувство до семејството на Навални и до оние кои во најмрачните услови се борат за демократија ширум светот.

„Борците умираат, но борбата за слобода никогаш не завршува, вели претседателот на Европскиот совет.

„Светот загуби борец чија храброст ќе се памети генерациите што доаѓаат. Згрозена сум од смртта на Алексеј Навални, добитник на наградата Сахаров за слобода на мислата на ЕП. Русија му ја одзеде слободата и животот, но не успеа да му го одземе достоинството. Неговата борба за демократија продолжува, напиша претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот