Фото: EPA/WU HONG

ЕУ има мега-проект: Брзи возови кои ќе ги поврзуваат големите градови во план вреден 546 милијарди евра

До крајот на месецот, Европската комисија треба формално да претстави план за изградба на железнички линии за брзи возови низ цела Европа, а деталите за овој план полека се откриваат. Европската комисија треба да го претстави овој план на 21 октомври, изјави извршниот директор на Заедницата на европски железнички и инфраструктурни компании Алберто Мацола.

„Го ставаме железничкиот сообраќај на врвот на нашите приоритети. Сметаме дека овој план е одржлив“, рече Мацола.

Планот што ќе го презентира треба да чини вкупно 546 милијарди евра, а изградбата треба да трае 20 години- пишува Кликс.ба.

Целта е да се поврзат главните градови и големите градови низ европскиот континент со брзи железнички линии, а покрај земјите од ЕУ, ќе бидат вклучени и земји како Украина, Турција и Велика Британија. Според Мацола, парите за овој проект можат да дојдат од европски и национални фондови, но и од заедничкиот фонд на Европската Унија за одбрана, во сегментот на инфраструктурни проекти.

Вкупната должина на железницата би била повеќе од 49.000 километри, а се очекува возовите да можат да патуваат со брзина од 250 километри на час. Така, според планот, патниците ќе можат да стигнат од Истанбул до Атина за четири часа. Исто така, се очекува дека први ќе бидат поврзани главните градови, а потоа градовите со повеќе од 250.000 жители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот