ЕУ го именуваше првиот шеф на својата Делегација во Лондон

Фото: МИА

Од тој датум Обединетото Кралство ќе биде трета земја, а претставувањето на Унијата ќе биде обезбедено преку Делегацијата на ЕУ, тврдат во Брисел.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел го именуваше Жоао Вале де Алмеида за прв шеф на идната Делегација на ЕУ во Обединетото Кралство.

Во соопштението на Европската служба за надворешни работи се наведува дека Вале де Алмеида ќе стапи на должност на 1 февруари 2020 година.

– Од тој датум Обединетото Кралство ќе биде трета земја, а претставувањето на Унијата ќе биде обезбедено преку Делегацијата на ЕУ, тврдат во Брисел.

Жоао Вале де Алмеида од 2010 до 2014 година беше прв амбасадор на ЕУ во САД. Од 2015 до 2019 година тој имаше мандат за амбасадор на ЕУ во ОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот